- 0
- март 12, 2023
- Sama
More Information
ОПИС
Вентилаторите на овие серии се погодни за вшмукување чист воздух и главно се користат за да се обезбеди промена на воздухот во работилниците, продавниците, тезгите, фармите, спортските сали и воопшто кога се бара да се пренесуваат големи количини воздух со низок притисок. Во стандардното извршување, температурата на вшмукуваниот флуид не смее да надмине 40°C.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Основа изработена од галванизиран челичен лим, капа изработена од армиран фиберглас, работно коло со аксијални перки изработени од алуминиум или од композитни пластични материјали, мрежа против птици. Верзијата ET/V е опремена со гравитациона жалузина.
ОПСЕГ НА РАБОТА
Pt = 2 - 24 mm. H2O Q = 450 - 29.000 mc/h
ИЗВЕДБИ
Вентилаторите од оваа серија се опремени со трифазни асинхрони електромотори според стандардите UNEL-MEC поврзани директно со работното коло. На барање може да се испорача еднофазен електричен мотор до големина 90.
СПЕЦИЈАЛНИ ИЗВЕДБИ
За сите вентилатори од оваа серија може да бидат во специјални изведби, како конструкција за високи температури и изведби ATEX за зоните 1-21 или 2-22.