CPS/E-F-G

CPS/E-F-G


  • 0
  • април 6, 2023
More Information

ОПИС

Вентилаторите од овие серии се погодни за вшмукување дури и многу прашинаст воздух и главно се користат за пневматски транспорт, за воздух за согорување во печки, во цементарници, во леарници, во мелници, во фабрики за тестенини и воопшто кога е потрбни да се транспортира воздух со висок притисок. Во стандардно работење, температурата на транспортираниот флуид не смее да надмине 80°C.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Куќиште изработено од челичен и заварен лим, работно коло со отворени лопатки изработени од заварен челичен лим динамички избалансиран, држач за мотор (кога е потребно) изработен од заварен челичен лим и челични делови.

ОПСЕГ НА РАБОТА

Pt = 200 - 1.465 mm. H2O Q = 150 - 7.500 mc/h

ИЗВЕДБИ

Вентилаторите од оваа серија се опремени со трифазни асинхрони електромотори според стандардите UNEL-MEC споени директно или индиректно со работното коло. Тие можат да бидат произведени со ротација во насока на стрелките на часовникот (RD) или спротивно од стрелките на часовникот (LG) и можат да се ориентираат од 45° до 45°. На барање може да се испорачат со монофазни електрични мотори до големина 90.

СПЕЦИЈАЛНИ ИЗВЕДБИ

За сите вентилатори од оваа палета можат да се испорачат во специјални изведби, како конструкција од не'рѓосувачки челик или за високи температури и ATEX изведба за зоните 1-21 или 2-22.