- 0
- март 27, 2023
- Sama
More Information
ОПИС
Вентилаторите од оваа серија се погодни за вшмукување чист воздух и главно се користат во системи за вентилација и сушење, комерцијални и индустриски, за ладење материјали, во системите за отчадување, како компонента на разменувачи на топлина, грејачи на воздух, ладни простории и општо кога се бара да се пренесуваат големи количества воздух со низок притисок. Во стандардно работење, температурата на транспортираниот флуид не смее да надмине 40°C.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Работно коло со 6 алуминиумски перки погонуван со електромотор прицврстан на заштитна мрежа
ОПСЕГ НА РАБОТА
Pt = 2 - 24 mm. H2O - Q = 450 - 29.000 mc/h
ИЗВЕДБИ
Вентилаторите од овие серии можат да бидат опремени со електромотори во помали куќишта или со трофазни асинхрони електромотори според стандардите на UNEL-MEC поврзани директно со работното коло. Можат да бидат со ротација во насока на стрелките на часовникот или спротивно од стрелките на часовникот, да всисуваат или дуваат. На барање може да се испорача монофазен електричен мотор до големина 90.
СПЕЦИЈАЛНИ ИЗВЕДБИ
За сите вентилатори од овие серии можни се специјални изведби, како ATEX за зоните 1-21 или 2-22.