СЕРИЈА A6/S-N – A6/S-R

СЕРИЈА A6/S-N – A6/S-R


  • 0
  • јули 18, 2023
More Information

ОПИС

Вентилаторите од оваа серија се погодни за всисување чист воздух и главно се користат во системи за вентилација и сушари, за комерцијална и индустриска употреба, за ладење на материјали како компоненти во топлински изменувачи, затоплувачи на воздух, и воопшто кога се бара големи количини на воздух со низок притисок. Во стандардно работење, температурата на транспортираниот флуид не смее да надмине 40°C.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Работно коло со шест алуминиумски сечила, со електричен мотор фиксиран на заштитна решетка прицврстена на квадратна плоча.

ОПСЕГ НА РАБОТА

Pt = 2 - 24 mm. H2O - Q = 450 - 29.000 mc/h

ИЗВЕДБИ

Вентилаторите од овие серии можат да бидат опремени со електромотори во помали куќишта или со трофазни асинхрони електромотори според стандардите на UNEL-MEC поврзани директно со работното коло. Можат да бидат со ротација во насока на стрелките на часовникот или спротивно од стрелките на часовникот, да всисуваат или дуваат. На барање може да се испорача монофазен електричен мотор до големина 90.

СПЕЦИЈАЛНИ ИЗВЕДБИ

За сите вентилатори од овие серии можни се специјални изведби, како ATEX за зоните 1-21 или 2-22.